spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕМВР молчи по организираните напади од исламистички структури врз Мицкоски и неговото...

МВР молчи по организираните напади од исламистички структури врз Мицкоски и неговото семејство

После поддршката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за правото на самоодбрана на државата Израел видовме дека се случуваат едни големи би рекол и организирани напади кон него од страна на радикални исламистички структури кои што се закануваат по однос на неговиот живот и животот на неговото семејство, а од МВР не видовме никаква реакција со цел да го заштити претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неговото семејство, рече Александар Николоски, при денешната посета на општина Карпош.

Тој направи и паралела за двојните аршини на МВР, и како министерството под водство на Спасовски во едни случаи експресно реагира, а во други, кога треба да се заштити некој политички неистомисленик на Заев нема реакција.

Во едни многу, многу поблаги ситуации кога обичен човек ќе го искритикува на пример Зоран Заев или ќе напише нешто за него на фејсбук, полиција влегува во домовите на граѓаните, врши претрес во нивните домови, им одзема лаптоп и мобилни телефони, а овдека каде што имаме директни закани по однос на животот и безбедноста нема никаква реакција, потенцира Николоски.

Николоски го повика МВР да реагира, во спротивно како што кажа тој тоа ќе значи дека Оливер Спасовски и Зоран Заев ова го прават намерно и тенденциозно.

Извор: ВМРО

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...