spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕНие сме за правда, ред и дисциплина, ВМРО-ДПМНЕ се за неправда и...

Ние сме за правда, ред и дисциплина, ВМРО-ДПМНЕ се за неправда и одбрана на криминал!

За една демократија да може да напредува потребна е правда, за една економија да биде стабилна и предвидлива потребна е правна сигурност, посочи претседателот Зоран Заев во своето обраќање на 26. Конгрес на СДСМ.

 

Заев истакна дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ која е на браникот на криминалот, СДСМ е посветен на градење силна, независна правна држава кој води неселективна и ефикасна борба против криминалот и корупцијата.

 

„Се посветивме на градење силна, независна и ефикасна правна држава која испорачува владеење на правото, подеднакво за сите. Нема веќе недопирливи, тоа денес сите го знаат.

 

Дојдовме до точка да ги заокружиме суштинските реформи во правосудството преку ефикасно и објективно прочистување на судството и обвинителството.

 

На браникот на криминалот, како што сами си признаваа, стоеше целото раководство на опозицијата. Сепак, Законот за јавно обвинителство го донесовме во Собранието. Како резултат на тој закон, предметите за висока корупција се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници.

 

Во таа смисла, голем чекор напред е работата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, согласно новите закони, најавија детална проверка на работата на судиите и обвинителите.

 

Ние го поддржувме и го поздравуваме тој суштински процес, и токму тоа сакаме да го видиме – целосно независна судска власт кој не е составена според тефтерчиња и да се води по политички агенди, туку само и само по законите и уставот на Република Северна Македонија. Нема назад со таа работа и нема веќе услови за контрола на правосудството. И тоа се покажа на дело изминатиов период. Така се води силна борба со корупција.

 

Правда и правна држава, почитувани, се дел од нашите успеси што заеднички ги постигнавме во овие четири години. И ова е уште една клучна разлика помеѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ.

 

Ние сме за правда, ред и дисциплина, тие се за неправда и одбрана на криминал“ заклучи претседателот Заев.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...