Во организација на Општина Битола, ЕУ Инфо точката при Општина Битола, Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и Здружението на граѓани „Сфера Интернешнал“, а поддржано од Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, се одржа онлајн настан за одбележување на 9-ти Мај, Денот на Европа.
На средбата, на која се споделуваа искуствата од Еразмус плус програмата, свое воведни обраќања имаа градоначалничката Наташа Петровска, Фатма Бајрам Аземовска претседател на „Сумнал“ и Милчо Дули, претседател на „Сфера Интернешнал“.
Искуството на „Сумнал“ со европски проекти го сподели Викторија Михајловска, проектен координатор, како и Кате Поповска од „Сфера Интернешнал“. Свои искуства како Еразмус волонтери споделија неколку учесници од земјава, Турција и Унгарија.
Извор: Општина Битола