spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Искуства од реализирани проекти преку Еразмус плус програмата на ЕУ

Битола: Искуства од реализирани проекти преку Еразмус плус програмата на ЕУ

Во организација на  Општина Битола, ЕУ  Инфо точката  при Општина Битола, Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и Здружението на граѓани „Сфера Интернешнал“, а поддржано од Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија,  се одржа онлајн настан за одбележување на 9-ти Мај, Денот на Европа.

На средбата, на која се споделуваа искуствата од Еразмус плус програмата, свое воведни обраќања имаа градоначалничката Наташа Петровска, Фатма Бајрам Аземовска претседател на „Сумнал“  и Милчо Дули, претседател на „Сфера Интернешнал“.

Искуството на „Сумнал“ со европски проекти го сподели Викторија Михајловска, проектен координатор, како и Кате Поповска од „Сфера Интернешнал“. Свои искуства како Еразмус волонтери споделија неколку учесници од земјава, Турција и Унгарија.

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...