spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕГраѓаните треба да добиваат квалитетни законски решенија, а не реформи кои што...

Граѓаните треба да добиваат квалитетни законски решенија, а не реформи кои што ги предлага СДСМ и немаат допир со реалноста

Почитувани,

Тврдењата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието на Република Македонија се неточни.

Имено, СДСМ треба да престане да ги политизира законите за кои што на последната средба помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, беше договорено дека треба да се седне и заеднички да се состават консензуални предлог решенија кои што пред се ќе бидат во интерес на граѓаните.

СДСМ и покрај договореното наместо како владеачка партија да обезбеди атмосфера за соработка тие единствено се служат со дневно пласирање на обвинувања со цел да ја прикријат нивната неспособност и немањето на капацитет за спроведување на суштински реформи и капитални проекти од суштинско значење за државата.

ВМРО-ДПМНЕ досега се однесуваше и ќе продолжи да се однесува контруктивно и државнички и нема да дозволи Владата која што Република Македонија ја претвори во синоним за корупција да продолжи да носи закони со цел да си ги спроведуваат нивните лични и партиски интереси и криминали.

Граѓаните треба да добиваат квалитетни законски решенија кои што се резултат на суштински и издржани дебати во кои ќе учествува експертската јавност, а не некакви реформи и закони кои немаат допир со реалноста и секојдневното живеење.

Извор: ВМРО

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...