spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Акција за чистење „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Охрид: Акција за чистење „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Големи количини на неразградлив отпад беа подигнати од крајбрежјето на Охридското Езеро во рамки на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“. Се чистеа плажите  Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред село Пештани.

Во теренските активности за чистење беа вклучени Општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“, локалните  здруженија „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“ како и голем број граѓани.

Акцијата беше иницирана и организирана од страна на компанијата „Мен енд маунтен“, со поддршка на Министерството за животна средина,  „Пакомак“ и Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија.

Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и истата беше реализирана согласно протоколите за заштита од Ковид 19.

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...