Шилегов, Богоев, Богдановиќ и Марин склучиле тендери во висина од 2.5 милиони евра без да ги објават единечните цени по ставки на страната на БЈН

Политички партииВМРО-ДПМНЕШилегов, Богоев, Богдановиќ и Марин склучиле тендери во висина од 2.5 милиони...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Почитувани,

 

Власта во обид да се испере вчера заглави во кал до гуша. Договорите од завршените тендерски постапки кои ги објавуваат на страната на Биро за јавни набавки институциите под нивно водство не се целосни, односно не содржат листа на единечни цени. Министрите, градоначалниците и директорите од СДСМ ги кријат цените по ставки на производите и услугите кои ги најмуваат преку тендери.

 

Петре Шилегов, Стефан Богоев, Златко Марин и Саша Богдановиќ потрошиле околу 150 милиони денари, односно близу 2.5 милиони евра за последните три години преку тендери склучувајќи договори чии единечни цени не ги објавиле на страната на Биро за јавни набавки.

 

Градоначалниците од СДСМ не го почитувале Законот за јавни набавки и спротивно на чл.70 ст.3 од истиот закон по склучување на договорите не ги објавиле со поединечните цени по ставки, што отвора сомнеж дека се кријат големи набавни разлики.

 

Имено за три години општина Карпош склучила договори во висина од 31.000.000 денари, за кои подоцна на страната на Биро за јавни набавки не објавиле договор со ценовна листа. Истото го направила и Општина Центар со неколку договори во висина од 17.900.000 денари. Град Скопје пак за договор од 75.000.000 денари и Општина Аеродром со договори во вредност од 24.600.000 денари.

 

Прашуваме, дали зад криењето на ценовните листи се крие огромна ценовна разлика, како што беше случај по откритието на одредени медиуми дека Златко Марин со пари на Општина Аердром плаќал канти за ѓубре од 300 евра, и обрач за кош од 250 евра?

 

Дали Шилегов ја сокрил ценовната листа од договорот вреден 75.000.000 денари за да не се открие ново преплаќање со парите на скопјани како во случајот со противпожарното возило со скала?

 

Што се крие и зошто не се објавуваат цените, тоа е вистинското прашање на кое чекаме одговор! A, тоа е и законското прекршување за кое што ќе има одговорност.

Извор: ВМРО

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img