spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСДСМ со старо-нов тим за порази на Македонија

СДСМ со старо-нов тим за порази на Македонија

Почитувани,

 

По вчерашниот Конгрес на СДСМ, таму и понатаму останува да владее старо – новиот тим за порази на Зоран Заев. Во СДСМ настанува комплетна султанизација под водство на Заев. Заев сам си предложи и си избра луѓе од најблиска доверба кои на Македонија и донесоа над 5.200 починати заради здравствен систем кој не функционира, 60.000 нови невработени заради економски мерки кои не помагаат никому, и 111-то место во корупција со министри кои бркаат пакувања путер додека високите владини функционери пакуваат куферчиња со кеш – пари.

 

Прв соработник на Заев и понатаму останува Венко Филипче. Човек одговорен за здравствен систем кој ја смести Македонија на дното во справување со корона – кризата. Заради неспособното менаџирање на здравствениот систем, 5.200 семејства се завиени во црно, Македонија е со најмалку вакцинирано население во Европа, а здравството го тресат најголемите скандали – од коруптивни обиди за набавка на вакцини, до хациенди на Водно.

 

Тука е и Фатмир Битиќи кому му се случуваат 60.000 нови невработени. Човек кој предлага економски мерки кои значат дуплирање на задолженоста на Македонија со нула капитални инвестиции. Економска политика која предизвикува незадоволство кај сите можни бизниси во сите можни сектори. Против економските политики на Битиќи протестираат и угостители, и производители, и индустрија, и работници, и сопственици на бизниси.

 

Во овој тим е и Сања Лукаревска, која се смета за економски експерт во време кога Македонија е убедливо најзадолжена, а граѓаните не гледаат ниту денар од тие задолжувања. Време во кое над 6.000 фирми се затвораат, додека единствени што печалат милиони се фирмите на семејството Заеви. Директорка која дозволи стотици фирми да земат помош и истата да не ја даваат на своите вработени како плата.

 

Тука е и Оливер Спасовски, во чие време на министерување, најголемите светски криминалци добивале пасоши на македонски државјани од полициските станици низ целата држава. Министер во чие министерство протекуваат службени и државни тајни, и се пробиени десетина акции во кои не гледаме никаков резултат. Министер кој единствено може да се „пофали“ единствено со фотографии со најпознатите ликови од македонското криминално подземје.

 

Љупчо Николовски е човекот за корупција на Зоран Заев. Македонија со Заев паѓа од 64-тото место на 111-тото место на листата за корупција. Со Николовски како прв корупционер сме во друштво на Монголија, Панама, Молдавија, Есватини, Сиера Леоне. Со овој тим за порази, Македонија наместо да е во друштво со сите европски држави каде што се стремиме, е во друштво со диктатури и нефункционални држави.

 

И на крајот – експертот за сè, а најмногу за уништување на македонското образование, Мила Царовска. Откога Царовска го уништи ресорот труд и социјала, помогна во девастирање на економијата во сред пандемија, сега го води секторот образование кон амбис. Додека низ Македонија родителите протестираат, Царовска форсира модели на дигитализација кои се непознати за развиениот свет. Како резултат на реформите на Царовска, во делови од државата децата ќе учат од фотокопии кои самите ќе треба да си ги плаќаат. Ефектот е јасен – после четири години власт на СДСМ, најдобриот македонски универзитет не е ни во првите 2.000 во светот.

 

Почитувани,

 

Овој тим на Заев е тим на порази за Македонија. Фрикцијата и недоразбирањата во СДСМ ги плаќаат граѓаните. Затоа е време за промени! Македонија мора да се исправи од калта и да почне да победува. Поразот на Заев ќе значи победа за Македонија!

Извор: ВМРО

Прочитајте