spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕПостапете по барањата на јавноста, не ги укинувајте учебниците на сила тоа...

Постапете по барањата на јавноста, не ги укинувајте учебниците на сила тоа ќе предизвика дискриминација на децата на најрана возраст

Почитувани,

Можеби оттука, токму пред министерството за образование и наука подобро ќе не слушне ценетата министерка која презентира игнорантски однос.

Молкот од министерката Царовска продолжува, но ВМРО-ДПМНЕ уште поупорно ќе продолжи да се спротивставува на погрешните политики.

Концепција за дигитализација со која ќе се укинат учебниците во основното образование нема да дозволиме да се спроведе. Масовните протести на родителите, наставниците и учениците кои се случија пред неколку дена се доволен доказ дека станува збор за уште еден неуспешен проект во образованието.

Дигитализацијата чија основна цел е укинување на печатените учебници ќе предизвика многу негативни последици. Најпрво, се воведува концепција која зад себе нема никаква наставна анализа и за која немаме никакво образложение кој, како и на кој начин ќе ја реализира. Немаме ниту финансиска рамка која треба да подлежи на анализа како ќе се одвојат десетици милиони евра годишно. Дополнително, со ваква образовна новина се воведува дискриминација и нееднаквост помеѓу учениците во нивната најрана возраст.

Министерке Царовска, одважете се и постапете согласно барањата на јавноста. Тоа треба да биде ваш приоритет, а не добивањето партиска функција во СДСМ.

Јавноста ја процени вашата ароганција и желба на сила да ги донесете законските измени, но ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на експерименти над децата! ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на дискриминацијата и ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на укинување на учебниците!

Извор: ВМРО

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...