Со 26. Конгрес направивме генерациска промена на партијата, внесуваме нова енергија и го задржуваме континуитетот

ИнтервјуаСо 26. Конгрес направивме генерациска промена на партијата, внесуваме нова енергија и...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во интервју за телевизија „Сител“ порача дека клучна порака од вчерашниот Конгрес е генерациска промена и трансформација на СДСМ со огромна поддршка од делегатите на Конгресот.

„Денеска е 17 мај, ние пред 6 години пративме силна пораката за промени, ја вративме слободата и демократијата, а денеска зборуваме за нови вредности, нови луѓе, нови политики, истакна Николовски.

Тој нагласи дека во новиот состав на Централниот одбор од 120 членови две третини се нови членови, 45 луѓе се млади, под 32 години.

„Во Централниот одбор имаме 60 жени, 60 мажи, во Извршниот одбор имаме 9 мажи, 9 жени. Имаме две третини нови членови и на ИО, имаме и континуитет, но и нова енергија и нова генерациска промена на СДСМ. Тоа е она што треба да го следи секоја политичка партија која што се развива, која има мерит систем, која бара испорака на резултати, да го задржи единството но и да биде целосно отворена, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во интервју за телевизија „Сител“.

Извор: СДСМ

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img