spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Проект за заштита на културното наследство

Велес: Проект за заштита на културното наследство

Општина Велес е една од 18 општини од три земји што учествуваат во меѓународен проект за заштита на културното наследство. Станува збор за проект што го спроведуваат француските пријатели ма Општина Велес,  Асоцијацијата „Сит е ситé“ со седиште во Бордо, со финансиска поддршка од француското Министерство за надворешни работи. Во проектот се вклучени 6 француски градови, 8 македонски и два албански градови.

Со Проектот чија координација е започната во Велес како седиште на асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство од македонска страна управува ЗЕЛС во кој е интегрирана нашата асоцијација.

„Во рамките на проектот веќе се реализирани  два значајни меѓународни онлајн  конференции за размена на знаења и искуства помеѓу општинските архитекти и стручните национални институции за културно наследство во трите земји“, рече Градоначалникот Коцевски на прес конференција.

Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на градовите за заштита на културното наследство со активности во три области: Попис на културното наследство, сигналитика и медијација. Проектот ќе трае до крајот на годинава.

Извор: Велес

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...