spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Бетониран крак од улица „Ѓорги Сугаре“

Гевгелија: Бетониран крак од улица „Ѓорги Сугаре“

Со градежната офанзива на Општина Гевгелија за подобрување на локалната патна инфраструктура, согласно Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Гевгелија во 2021 година, заврши и уредувањето на крак од улицата „Ѓорги Сугаре“ во Гевгелија.
Според планот за бетонирање на помали улици и краци, фирмата „Мансард“ која годинава ги изведува градежните работи, ќе продолжи со бетонирање на крак од улицата „Ѓорги Стамнов“, сокачето напоредно до ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија. Пред бетонирањето на овој крак, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ќе ја санира комуналната инфраструктура.
Предвидено е деновиве да се уредат и краци во населените места Богородица и Петрово. Но, и во останатите населени места.
Досега, од започнувањето на пролетната акција, бетонирани се 11 крака. И тоа: крак од улица „Никола Карев“, два крака од улица „Кожуф“,  два крака од улицата „Серменинска“, тротоарот на улица „Ѓорѓи Стамнов“, крак од улицата „Белградска“- пристапниот пат позади Детската градинка „Детска радост“- Гевгелија, крак од „Деко Ковачев“, крак од „11 Октомври“, по еден крак од улиците „Ристо Јанев“ и „Кузман Шапкарев“.
Додека, во стопанската зона „Ракита“ на трите поголеми пристапни патишта се уште се во тек активностите за поставување на бетонски рабници, по што ќе уследи асфалтирање на истите.

Извор: Општина Гевгелија 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...