spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Најдобар модел за Фонд за перформанси и Фонд за воедначување со...

МФ: Најдобар модел за Фонд за перформанси и Фонд за воедначување со цел подобрување на фискалниот капацитет на општините

Министерството за финансии работи на изнаоѓање најдобар модел за формирање Фонд за перформанси и Фонд за воедначување чија цел е подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините. Планирано е општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи да добијат средства од Фондот за перформанси, а од Фондот за воедначување да се обезбедат средства за општините коишто имаат пониски приходи, но истите треба да покажат фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи , истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими, на настан по повод започнување на проектот на УСАИД за „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“. На настанот свое обраќање имаa и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на Велес и претседател на комисијата за финансирање при ЗЕЛС, Ацe Коцевски и директорката на проектот, Гинка Капитанова.

Министерството за финансии заедно со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), во моментов работи на активности и мерки од утврдените приоритети со реформата за понатамошно унапредување на фискалната децентрализација.

„Со цел унапредување на фискалната децентрализација, предвидени се повеќе активности и мерки што се групирани во три столба – Подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, Зголемување на фискалната дисциплина и зголемување на транспарентоста и отчетноста во нивната работа“, истакна Бесими и нагласи дека крајната цел на овој процес се постигнување повисок квалитет на јавните услуги, повисок степен на економски развој и подобрување на животниот стандард.

Министерот информира дека во текот на овој месец и во текот на месец јуни ќе започне процесот на јавни консултации и расправа со ЗЕЛС и останатите засегнати страни околу предлозите за реформата, а во координација со Работната група за продолжување на процесот на децентрализација формирана од страна на Владата во којашто учествуваат министерствата за политички систем, за финансии, за локална самоуправа и ЗЕЛС.

„Еден од владините приоритети е продолжување на процесот на децентрализација, во насока на поголема демократизација, подобри (поквалитетни и поразгранети) јавни услуги и засилен локален развој во интерес на граѓаните. Во наредниот период ќе се продолжи со политиките за развој на општините, односно фискална децентрализација и рамномерен регионален развој, со цел зајакнување на финансиските извори на општините, но воедно, и зголемување на одговорноста и транспарентноста на нивното работење, за општини поблиски до граѓаните“, нагласи министерот.

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...