spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор од 10,5 милиони евра

МФ: Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор од 10,5 милиони евра

Министерството за финансии објави јавен повик до општините за користење средства за инвестиции во општински енергетски ефикасни објекти, со вкупен фонд од 10,5 милиони евра, откако пред една недела министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорот на Светска банка во РС Македонија, Масимилијано Паолучи го потпишаа Договорот за заем за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор што ќе се спроведува преку Проектната единица за подобрување на општинските услуги – МСИП. Главната цел на реализацијата на овој проект е намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор, а воедно и подобрување на нивото и квалитетот на јавните објекти и јавното осветлување. Право на користење на средствата од оваа компонента имаат сите единици на локалната самоуправа.

– Проектот за енергетска ефикасност има силна развојна компонента и е од големо значење, особено во тековните услови кога се соочуваме со ефектите од корона-кризата врз економијата. Инјектирањето средства во проекти што имаат силна додадена вредност е од големо значење за заздравување на економијата, а понатаму и за забрзување на економскиот раст – посочи министерот Бесими на настан организиран по повод промовирање на овој проект.

Висината на заемот за една локална самоуправа може да варира од 50 илјади до 750 илјади евра и истата зависи од слободниот капацитет за задолжување на општината и проценетата вредност на предложениот општински проект. Со потпишување договор со Министерството за финансии, 80% од овие средства општината ќе ги добие како подзаем, додека, пак, останатите 20% како грант. Воедно, од страна на Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени за Проектот, ќе бидат покриени и трошоците за подготовка на енергетска ревизија и за техничка документација за проектите.

Вкупната вредност на Проектот за енергетска ефикасност е 25 милиони евра, при што дел од овие средства се наменети за енергетски ефикасни инвестиции во објекти на централната власт, на здравствениот сектор, како и за воспоставување на Фондот за енергетска ефикасност.

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...