Архивската документација на Струшките вечери на поезијата, којашто е од трајна вредност, е предадена во охридското одделение на Државниот архив.
Фотографии, документи, аудио- и видеозаписи на касети и микрофилмови, рачни ракописи од голем број поети низ светот ќе бидат архивирани и добро зачувани за идните генерации како дел од историјата на земјава. Во 54 архивски кутии се наоѓаат вредни документи од 1963 до 1990 година, материјали што ќе ѝ бидат достапни на научната фела за истражување.
Извор: Министерство за култура