spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМК: Со советување и со годишните награди, ИКОМ го одбележа Меѓународниот ден...

МК: Со советување и со годишните награди, ИКОМ го одбележа Меѓународниот ден на музеите

По повод Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) вчера на свеченоста организирана на платформата ЗУМ, организираше музејско советување и ги додели годишните награди за особени достигнувања во музејската дејност во текот на 2019 и 2020 година.

Светскиот ден на музеите -18 Мај го честиташе и министерката за култура Ирена Стефоска која истакна дека начинот на кој го одбележуваме денешниот ден, за жал,  е  уште една слика за разорната моќ на ковид кризата која ја забави, а на моменти и ја застана културата во целиот свет. „Затоа и тема на овогодишниот 18 мај е: Иднината на музеите – закрепнување и нивно преобмислување“, рече Стефоска.

Одлуката за добитниците на наградите ја донесе Комисијата на Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ), во состав: д-р Ангелина Поповска – претседател и д-р Кирил Пенушлиски, Гордана Велков, м-р Станимир Неделковски и Никола Мартиновски – членови.

За 2019 година, наградата „музеј на годината“ ја доби Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија за проектот „Постојана изложбена поставка“, а наградата „музејски проект на годината“ ја доби Археолошкиот музеј за меѓународниот проект „100 години Требениште“. Добитник на наградата „музејски работник на годината“ е Гоце Божурски од НУ Музеј Куманово, а наградата за „надворешен музејски соработник“ ја доби Лидија Мешковска, уредник на редакцијата за култура и уметност во МТВ, за емисијата „Витраж“.

За 2020 година, наградата „музеј на годината“ ја доби НУ Национална галерија на Република Северна Македонија за галериска дејност во време на пандемијата на КОВИД-19. Се додели посебно признание за „музеј на годината“ на НУ Музеј Куманово за проектот „Реконструкција на Спомен-куќата на Христијан Тодоровски-Карпош, Куманово“. Добитник на наградата „музејски проект на годината“ е Музејот на Град Скопје за проектот „70 години Музеј на град Скопје“, на авторскиот тим: Емил Алексиев, Фросина Зафировска, Станимир Неделковски, Соња Апостолова. Пофалница за научно-истражувачка музејска дејност се додели за музејскиот проект на годината на Музејот на град Скопје за проектот „Скопје виа Солун“ на авторскиот тим: Славица Христова, Татјана Ѓорѓиевска, Оливера Џартовска-Тачевска.

Награда за музејски работник на годината доби Славица Крстиќ од НУ Музеј Куманово. Посебни пофалници за промоција на музејската и галериската дејност преку електронски медиуми и социјални мрежи за промоција на музјески/галериски содржини преку електронски медиуми во периодот на пандемијата добија Ивана Тасев – надворешен соработник во Музејот на современата уметност, Ива Лабан – надворешен соработник од Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Гордана Младеновска – надворешен соработник во Музејот на Република Северна Македонија.

Пред доделувањето на наградите, се одржа и советување на кое музејските работници од целата држава дискутираа на актуелни теми, меѓу кои и за: „Музеи за еднаквост: разновидност и инклузивност“, функционирањето на музеите во време на криза и нивно преконципирање и други теми.

Поздравно обраќање на министерката за култура, Ирена Стефоска , за Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај 2021

Извор: Министерство за култура 

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Инспекторите за животна средина на Град Скопје пред еден час затекнаа и евидентираа во тек на исфрлање големи количини отпад, правење дива депонија и...