spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕ и Ѓорчев, лажат – сушат, во Струмица има пункт за масовна...

ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорчев, лажат – сушат, во Струмица има пункт за масовна имунизација, следи отворање и во Прилеп и Велес

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на јавното здравство, додека граѓаните масовно се вакцинираат против коронавирусот.

Тешки лаги се тврдењата на Владимир Ѓорчев дека во Струмица немало пункт за масовна имунизација.

Ѓорчев суши – лаже, во Струмица масовната имунизација се одвива во спортска сала, а исти такви пунктови за многу брзо ќе добијат и Велес и Прилеп.

Од почетокот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ шири само лажни вести и се обидува да му наштети на јавното здравје. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски лажеше дека нема тестови, дека нема опрема, се обидуваше да ја саботира набавката на вакцини, а денес шири лажни вести околу процесот на вакцинација.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што масовната имунизација се одвива непречено, што досега се вакцинирани над 220.000 граѓани, што полека но сигурно се става крај на пандемијата.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, секогаш против граѓаните, против здравството и здравствените работници.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...