spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБогданци: Реконструкција на колекторскиот систем за отпадни води во село Стојаково

Богданци: Реконструкција на колекторскиот систем за отпадни води во село Стојаково

Врз основа на Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2021 година, Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Богданци склучија договор за доделување на финансиски средства за проектот „Реконструкција на дел од колекторски систем за отпадни води во Општина Богданци – прва фаза делница Стојаково и пумпни станици“.

Вкупната вредност на проектот иснесува 7.000.343,00 денари, од кои 3.000.000,00 денари ќе бидат исплатени од страна на Министерството за животна средина со вклучен 18% ДДВ или 42,86% од вкупната вредност на проектот. Остатокот од средствата ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Богданци. За реализација на истиот од страна на општината следува спроведување на постапка за избор на најповолен изведувач.

Со имплементација на овој проект ќе се реши еден сериозен и долгогодишен проблем на жителите на село Стојаково со одведувањето на фекалните отпадни води заради нефункционирање на постоечкиот колекторски ситем.

Извор: Општина Богданци

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...