1. Член 32 од Уставот на Република Северна Македонија:
Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност.Секому, под еднакви
услови, му е достапно секое работно место.Секој вработен има право на соодветна заработувачка.Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат.
Остварувањето на правата на
вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.
2. Член 206 од Законот за Работни односи:
Со колективните договори се уредуваат правата и обврските на договорните
страни кои го склучиле тој договор, а може да содржи и правни правила со кои се уредува склучувањето, содржината и престанокот на работните односи и други прашања од работните, односи или во врска со работните односи.
Извор: Javnaadministracija.mk