spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Видео средба Османи-Кулханек

МНР: Видео средба Османи-Кулханек

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари видео средба со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Јакуб Кулханек, прва средба, по назначувањето на Кулханек за прв човек на чешката дипломатија. По тој повод, Османи упати искрени честитки до чешкиот колега и му посака успех во извршувањето на оваа одговорна државна функција.

Министрите изразија задоволство од евидентното интензивирање на билатералната соработка во повеќе сфери од заемен интерес: беше разговарано за можностите за интензивирање на економската соработка; министрите изразија задоволство од нивото на соработка во секторот безбедност и одбрана; беше изразено задоволство од успешната соработка и чешкото учество во заштитата на нашата јужна граница од илегална миграција; а Османи изрази благодарност за досегашните донации во текот на КОВИД-19 пандемијата.

Османи во разговорот се осврна на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската унија, како и на внатрешните политички процеси поврзани со нашата реформска агенда.

„Остануваме посветени на реформската агенда, со посебен фокус на европските приоритети. Продолжуваме и со активностите за унапредување на добрососедските односи, секако со фокус на Бугарија, преку имплементација на акцискиот план за интензивирање на секторската соработка, и отстранување на разликите кои создаваат политичка недоверба“, истакна Османи, посочувајќи притоа дека се надева на континуитет на дијалогот и со новата Влада во Софија.

Соговорниците изразија очекување за што поскоро усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција за формално започнување на пристапните преговори во јуни оваа година, за време на португалското претседателство со ЕУ.

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...