spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Кружен тек Волково

Ѓорче Петров: Кружен тек Волково

Ѓорче Петров се гради и поврзува со квалитетна, безбедна и сигурна патна инфраструктура.

На 4 километри од централниот дел на општината, Ѓорче Петров за прв пат во руралнот дел во село Волково, доби кружен тек. Со ова се реши долгогодишниот сообраќаен проблем на околу 2800 домаќинства или околу 13 000 жители од Волково, Кучково, Орман, Никиштани, како и на голем број граѓани кои транзитираат во тој дел.

Кружниот тек во Волково беше асфалтиран во ноември 2020 година, но по извршениот надзор, констатитани се пропусти при изведбата. Фирмата изведувач има обврска да ја корегира грешката без никаков надоместок. По извршениот увидот на терен и заеднички утврдени пропусти фирмата изведувач во мај 2021 година ги изврши сите корекции на свој трошок.

Кружниот тек е соодветно одбележан со хоризонтална и вертикална сигнализација, со што клучната крстосница во Волково доби целосно целосно нов и уреден лик.

Зголемена е безбедноста на пешаците преку изведба на тротоари кон петте  крака на кружниот тек. Извршена е санација и проширување на мостот кон Волково. Поместена е автобуската постојка. Поставено е централно и периферно улично осветлување со светлосни снопови на патот кон Волково, Кучково и Орман.

Изградбата на кружниот тек ја олеснува  комуникацијата и поврзувањето на транзитниот сообраќај кон Град Скопје како и кон магистралниот пат за Косово.

Вредноста на инвестицијата е 6.000.000 денари пари обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во соработка со општина Ѓорче Петров.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте