spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСвети Николе: Релизирана еколошка акција за чистење на излетничкото место Бареш

Свети Николе: Релизирана еколошка акција за чистење на излетничкото место Бареш

Релизирана е еколошка акција за чистење на излетничкото место Бареш .Во акцијата учествуваа спортските работници и екипи на ЖРК Овче Поле-СУ , ФК Овче Поле , Футсал екипата на Овче Поле, општина Свети Николе и ЈКП Комуналец и притоа се наполнети околу 200 вреќи со отпад.

Се упатува голема благодарност до иницијаторите на оваа акција ЖРК Овче Поле С.У. како и до сите учесниците на акцијата , а воедно се упатува апел до сите граѓани при посета на излетничките места да го одлагаат отпадот во садовите што се на самото место.

Еколошката свест е значајна за зачувување на животната средина и истата е одлика на современиот човек.Да бидеме одговорни и да ја заштитеме нашата околина

Извор: Општина Свети Николе 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...