Претставници од Секторот за образование, спорт, култура и заштита, како и директорите на основните училишта од Општина Аеродром, го посетија приватното училиште „Јахја Кемал“.
Претставниците од „Јахја Кемал“ ги информираа гостите за работата на училиштето „Јахја Кемал”, за неговото функционирање, за разните активности, натпревари, како и наставните програми и начинот на одржување на наставата, а исто така се разменија идеи и искуство во врска со процесот поврзан со дигитализација на образованието.
На средбата стана збор за идна соработка на Општина Аеродром со училиштето „Јахја Кемал“ во однос на спроведување на заеднички проекти и натпревари.
Извор: Општина Аеродром