spot_img

Аеродром: Градинката „Срничка“ добива енергетски ефикасна фасада

ОпштиниАеродром: Градинката „Срничка“ добива енергетски ефикасна фасада

Најчитано

Деновиве во објектот „Чекорче“ на градинката „Срничка“ во Аеродром се изведуваат активности со кои се врши надворешна реконструкција на објектот, односно се обновува фасадата, која ги задоволува сите стандарди на енергетска ефикасност.

Во објектите на градинката минатото лето беа извршени повеќе зафати, од поставување ламинат, молерисување, менување на електриката, реновирање на тоалетите, хортикултурно уредување на дворовите, внатрешно разубавување на просторот и сл., а беше извршена и целосна дезинфекција и дератизација на објектите.

„Наш приоритет како општина е да обезбедиме подобри и попријатни услови за престој на децата во градинките. Со овие зафати, објектите во Аеродром со право го носат епитетот на современи функционални градинки“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Извор: Општина Аеродром 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе