Завршија градежените работи за асфалтирање на улица Мис Стон во урбаната заедница Мирче Ацев. На овој коловоз претходно беа изведени и сливници за атмосферска канализација, при што се пристапи кон гребење и поставување на асфалт во должина од 350 метри.
Увид во завршните работи направи Градоначалникот Александар Наумоски кој оствари и средба со локалните жители. Реконструкцијата на ,,Мис Стон“ е дел од програмата за реконструкција на улици во урбаниот дел од Ѓорче Петров со кој е предвидено да се асфалтира должина од два километри.
Претходно, со оваа реконструкција, асфалтирани се улиците Островска, Драговити и Мијачка во урбаната заедница Дексион. Средствата за реконструкција на овие улици се обезбедени од општинскиот буџет.
Извор: Општина Ѓорче Петров