spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Федерација на училишен спорт во ООУ ,,Димитар Поп Георгиев Беровски“

Ѓорче Петров: Федерација на училишен спорт во ООУ ,,Димитар Поп Георгиев Беровски“

Градоначалникот Александар Наумоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и претседателот на Федерацијата на училишен спорт Александар Туфекџиевски присуствуваа на завршниот настан ,,Отворена училишна спортска недела“ кој се одржа во нашата општина во дворот ООУ ,,Димитар Поп Георгиев Беровски“.

Спортот како важна нишка во развојот на децата мора да се практикува и во време на пандемија. Спортувањето на отворено е повторно дел од нашето секојдневие, да го искористиме најмногу што можеме, рече Наумоски.

Воедно Федерацијата на училишен спорт додели спортски реквизити на општинските училишта каде се реализира спортски активности огранизирани од општинскиот сојуз.

Истовремено се одбележаа и 62 години од основањето на училиштето кое го носи името на нашиот национален деец и револуционер Димитар Поп Георгиев Беровски.

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...