spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Ќе се реконструираат уште 10 улици

Битола: Ќе се реконструираат уште 10 улици

Општина Битола ја заврши постапката за јавна набавка за реконструкција на повеќе улици, при што се склучени договори со изведувачите за реконструкција на улиците „Ѓорги Ѓоргиев Џоџа“, „Пробиштип“, „Цане Василев“, „Кленовец“, „Херцеговина“ и „Ѓорги Беќаров“. Избран е изведувач и за реконструкција на пешачката патека на Тумбе кафе. Во тек се постапки за јавни набавки и за реконструкција на улиците „2 Август“, „Македонска фаланга“ и „Солунска“.

Во меѓувреме продолжуваат градежните активности во Општина Битола за реконструкција на 9 улици. На дел од нив се врши промена на инфраструктурата, по што ќе следува  асфалтирањето, а дел од улиците, кои што имаат добра водоводна и канализациона мрежа,  ќе добијат нов коловоз. Сите инфраструктурни градежни работи се одвивааат на локации каде не е интервенирано со децении.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...