spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Привршуваат градежните работи на Булеварот Никола Карев

Град Скопје: Привршуваат градежните работи на Булеварот Никола Карев

Градежните работи за проширување и реконструкција на булеварот Никола Карев, на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин поток влегуваат во завршна фаза. На терен се работи на траса долга околу 1 километар, постојниот коловоз се проширува на 4 сообраќајни ленти, се прави простор за разделно зеленило и се оформуваат мешани пешачко-велосипедски патеки од двете страни.

 

На булеварот Никола Карев, во оваа втора фаза од реконструкцијата, се изведува и нова атмосферска канализација, потпорен ѕид во должина од 690 метри и ново лед осветлување од двете страни. Реконструкцијата на оваа улица се користи и за замена на дел од старата и поставување нова подземна инфраструктура онаму каде што е потребно од различни субјекти, за да се избегне прекопување на новиот асфалт по завршувањето на реконструкцијата.

– Овој проект е дел од реализацијата на секундарниот северен сообраќаен прстен во Скопје. Очекувам изградбата на булеварот Никола Карев во оваа втора фаза да заврши кон средината на јуни. Во јули почнуваме со изградба на големата клучка кај Момин поток. Со целосната изградба на булеварот Босна и Херцеговина и со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, пак, веќе овозможивме директен излез на обиколницата. Кога сето тоа ќе се спои ќе се оформи цел еден концепт што ќе овозможи развој на северниот дел од градот – вели градоначалникот Петре Шилегов.

Булеварот Никола Карев е исклучително фреквентна сообраќајница која најмногу ја користат жителите на Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, но како транзитна сообраќајница ја користат и граѓаните кои патуваат кон излезот на градот.

За потсетување, минатата пролет Градот Скопје ја заврши првата фаза од реконструкцијата на булеварот Никола Карев, на потегот од клучката кај Бит Пазар до крстосницата кај касарната „Илинден“ во вкупна должина од 1.440 метри.

Извор: Град Скопје

Прочитајте