spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Широка дебата за Законот за утврдување на правен статус на бесправно...

МТВ: Широка дебата за Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти

Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски ги започна консултацииите со релевантните институции и асоцијации во однос на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти.

 

 

 

Денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средби со Асоцијацијата на архитекти а исто така учествуваше и на дебатата што ја организираше Државната комисија за спречување на корупцијата а во однос на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти.

 

 

 

На средбите се разговараше за измени и дополување на Законот во насока на подобрување на делови од законското решение и ставање во правна рамка на нелегалните објекти пред повторно Законот да се разгледува во Собранието на Република Северна Македонија.

 

 

 

На средбата се понудија дополнителни предлози на законското решение во насока на подбрување на условите за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти.

 

 

 

“Како што најавив, веќе ја отворивме стручната дебата околу Законот за утврдување на правен стстус на бесправно изградените објекти. Денеска имавме одлична средба со Асоцијацијата на архитекти а учествува и на јавната расправа во организација на ДКСК. Се дадоа предлози во насока на подобрување на Законот и во следните денови сите предлози детално ќе ги разгледаме и ќе ги усогласуваме заеднички. Нашата намера е преку оторена дебата со сите заинтересирани страни, ЗЕЛС, граѓански здруженија и Асоцијации, пратенички групи, да го подобриме законското решение и да понудиме подобри и фер можности за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти”, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...