spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваРазвојот на женското претприемништво и надминувањето на стереотипите носат напредок на целото...

Развојот на женското претприемништво и надминувањето на стереотипите носат напредок на целото општество

Еднаквост во општеството, еднаков пристап до ресурси на мажите и жените, еднакви шанси за напредок, рамноправност за сите… Вакво општество креираме и кон оваа цел како Влада се стремиме“, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во своето обраќање на настанот на кој беше промовирана ,,Националната платформата за женско претприемништво”.

Овој проект е финансиран од Европската Унија, а предводен од страна на Здружението на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР.

„Зајакнувањето на економската активност на жените и нивното учество на раководни позиции во јавниот и во приватниот сектор е важен предуслов за постигнување на родовата еднаквост во нашата држава“, истакна министерката Шахпаска и додаде дека Министерството за труд социјална политика посветено работи на унапредување на статусот на жените и мажите во сите области на општественото живеење.

Министерката подвлече дека Стратегијата за женско претприемништво 2019-2023 година предвидува економско јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување на поддршка за развој на нивниот претприемнички дух, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија. Притоа додаде дека Министерството сериозно работи на зголемување на процентот на учество на жените на пазарот на трудот преку различни политики, вклучително и преку активните програми и мерки за вработување. Потврда за тоа се 4898 жени кои учествувале во активните програми и мерки во 2020 година, односно 44,5 проценти.

Таа го истакна високиот процент на мерката субвенционирање на плати од 49 проценти, потоа учеството во мерката , вработување и раст на правни субјекти од 48 проценти, но и се уште ниското учеството во програмата „поддршка за самовработување“ од 32 проценти.

„Се бориме против традиционалните стереотипи за улогата на жената во семејството кои пандемијата со Ковид-19 дополнително ги нагласи. 39 % од жените постари од 18 години секојдневно се грижат за децата, старите лица и изнемоштените. Според податоците од Државниот завод за статистика, во урбаните средини жените поминуваат 3 часа во домашни активности, (наспроти 1 час за мажите), и 4 часа и 22 минути во руралните средини (наспроти 1 час и 19 минути за мажите)“ информираше министеркта.љ

Токму согледувајќи ја потребата од обезбедување на подобар баланс помеѓу домашните обврски и работата на жените, како и нивно поголемо учество на пазарот на трудот, министерката Шахпаска го посочи зголемување на капацитетите за грижа и воспитување на деца на предучилишна возраст , како особено значајно.

„Сериозно вложуваме во изградба на нови и проширување на постојните детски градинки, со цел да го зголемиме опфатот на деца, а со тоа да им овозможиме на мајките активно да се вклучат на пазарот на трудот. За осум месеци отворивме 11 нови градинки со капацитет од 670 деца, а до крајот на годината ќе отвориме уште 13 нови градинки и со кои ќе се опфатат дополнителни 1400 деца. Во новиот системски Закон за работните односи го менуваме концептот на породилното отсуство и воведуваме родителско отсуство и за татковците“ ,потенцираше министерката .

Таа информираше дека во финална фаза е новата Стратегија за родова еднаквост за периодот 2021-2026 година во која еден од стратешките приоритети е зголемувањето на учеството на жените на пазарот на трудот. Во неа ќе се адресираат мерки за поттикнување на жените како носители на инвестиции и претприемачки, за креирање на сопствени бизниси.

„Министерството за труд и социјална политика подготви и нов Закон за родова еднаквост со кој треба да се воспостави и унапреди родовата еднаквост во сите области на општествено живеење. Со ова ново законско решение се утврдуваат надлежностите на одговорните субјекти за негова имплементација, како и посебните родови механизми“, рече Шахпаска.

И сосема на крајот таа упати порака до сите жени, да се охрабрат, да бидат креативни, упорни, амбициозни, свои и да ги искористат своите потенцијали.

По обраќањето до присутните претставници на Владата на Република Северна Македонија, претставници од Делегацијата на Европската унија во земјава, Националната федерација на фармери, Државниот инспекторат на труд , Сојузот на стопански комори, министерката Шахпаска заедно со останатите учесници на настанот ја потпишаа Декларацијата за поддршка за женското претприемништво.

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...