Град Скопје: Ден без Автомобили

ОпштиниГрад Скопје: Ден без Автомобили
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Во недела, на 30.05.2021 година, Градот Скопје ќе организира Ден без автомобили под мотото „Улици за луѓе“. За таа цел, улицата Васко Карангелевски во Аеродром ќе биде затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот. На потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров ќе се случуваат различни културни активности за возрасните, но и за најмладите.

Организирањето ваков ден без автомобили може да биде одличен пример за насоката во која што се движи Градот, со цел промоција на политиките за креирање одржлив сообраќаен систем, но и да даде можност граѓаните активно да се вклучат и да ги почувствуваат придобивките од хуманизацијата на урбаниот простор.

Плановите за целокупната реорганизација на урбаниот транспорт во Скопје, пресликани во многу плански и стратешки документи, имаат голем потенцијал трајно да го подобрат квалитетот на живот во градот. Во таа насока, спроведувањето на проектот за брз автобуски превоз (БРТ), се очекува да донесе трајно намалување на употребата на индивидуални моторни средства, но за да го постигне тоа, граѓаните треба да се навикнуваат да ги оставаат своите автомобили дома, за почеток во деновите наменети за одмор и рекреација. Активностите кои го поттикнуваат ова, ќе ја зaцврснат довербата во политиките на Град Скопје и забрзано ќе ги донесат придобивките од тие политики што добро се набројани и елаборирани во Акцискиот план за Зелен град.

Ваквите активности исто така одат во прилог на зацртаната цел на Град Скопје да се стекне со титулата „Зелена престолнина во Европа“. Таму, токму одржливата урбана мобилност е еден од дванаесетте критериуми и особено е нагласено дека Градот треба да се стреми кон преполовување на употребата на автомобили со конвенционални фосилни горива до 2030 година.

Деновите без автомобили се едни од главните промотори на одржливиот транспорт, а ова е докажано низ многу примери во Европа и во светот.

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img