spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Го блокирате напредокот во образованието манипулирајќи родители, наставници и деца

МОН: Го блокирате напредокот во образованието манипулирајќи родители, наставници и деца

Министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на прашање на пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, дали има план и концепт за реформите во образованието, истакна дека МОН и владата продолжуваат интензивно да работат на сите реформски процеси со точно утврдени рокови, а опозицијата наместо да даде конструктивни предлози ги манипулира наставниците, родителите и учениците и ги блокира процесите во Собрание.

“Денеска ја отворив вашата предизборна програма и во делот на образованието замислете вие ветувате дигитализација, платформа за е -учење, подготовка на видео материјали од наставници и подготовка на е дигитални учебници. Сето тоа за коешто ние денеска зборуваме. Да бевте конструктивна опозиција ќе се вклучите во овој процес и ќе работевте на подобрување и осовременување на образованието. Но вие се обидовте да манипулирате со родители, наставниците и најтрагично со децата”, рече Царовска.

Министерката истакна дека 12 години ВМРО -ДПМНЕ владееше и имаше можност да направи образование како во развиените земји, но парите ги потрошивте на глупости и на лични интереси.

“Од ова се обидуваме и денес да се отплеткаме, од ексклузивни права за учебници коишто се екстремно неквалитетни, наставни програми кои ги плативте 3 милиони евра” рече Царовска.

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...