spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Модернизацијата и унапредувањето на државната и јавната администрација се постојано актуелни

МИОА: Модернизацијата и унапредувањето на државната и јавната администрација се постојано актуелни

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири беше дел од настанот „Граѓаните на прво место: Презентација и дискусија на вториот Национален извештај за мониторинг на реформата на јавната администрација (РЈА) 2019/2020“, во организација на Институтот за европска политика(ЕПИ).

Меѓу соговорниците на оваа дискусија беа и директорот на ОЕЦД/СИГМА Грегор Вирант и директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ) во Скопје Симонида Кацарска.

Како што истакна министерот Шаќири, соочени сме со предизвиците што се пред нас, не само во насока на очекуваниот почеток на разговорите за пристапување во ЕУ, туку и континуирано да работиме на обезбедување на модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти.

„МИОА има двојна улога во процесот, од една страна е надлежна институција одговорна за управување, следење и известување на спроведувањето на процесот на РЈА, а од друга страна е водечка институција за  спроведување на мерките и активностите во Акцискиот план“, истакна министерот Шаќири.

Директорот на ОЕЦД/СИГМА Грегор Вирант од своја страна ја пофали работата на Министерството за информатичко општество и администрација, изразувајќи задоволство од направениот процес во однос на реформата на јавната администрација.

На настанот, спроведен во рамки на проектот ВеБЕР, се дискутираше за состојбата со реформата во јавната администрација во Република Северна Македонија, направениот напредок во овој процес, што е исто така предуслов за членство на земјата во Европската унија, како и за идните активности.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...