spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Извештај за мониторинг на препораките од извештајот за проценка на ранливост...

МИОА: Извештај за мониторинг на препораките од извештајот за проценка на ранливост од корупција при вработување во јавниот сектор

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири учествуваше на настанот организиран од Трансперенси Интернешенл – Македонија, за промоција на вториот тримесечен извештај за мониторингот на имплементацијата на препораките од извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор. Извештајот е подготвен во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата“, финансиски поддржан од УСАИД во рамките на Проектот за граѓанско учество.

 

Учесници на овој настан беа и Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, г-дин Љупчо Николовски, Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, г-ѓа Билјана Ивановска и Претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, г-ѓа Слаѓана Тасева.

 

Министерот Шаќири во своето обраќање се осврна на тоа што е сработено досега, потенцирајќи дека професионализацијата на администрацијата е една од главните цели на процесот на реформа на јавната администрација во Република Северна Македонија.

 

„Како врвен приоритет остануваат заложбите за деполитизација на администрацијата преку зајакната примена на начелата на заслуги, еднакви можности и соодветна и правична застапеност и професионализација на високите раководни позиции“, рече министерот Шаќири.

 

Во таа насока, министерот го посочи новиот пакет закони, со кои ќе се надминат сите проблеми и детектирани недостатоци. Станува збор за Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници и Законот за висока раководна служба, кои се подготвувани инклузивно и со целосна вклученост на сите заинтересирани страни, со поддршка на СИГМА, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Центарот за управување со промени.

 

Министерот Шаќири потенцираше, дека меѓуинституционалната соработка и координација ќе бидат дополнително продлабочени и дека постои политичка волја за спроведување на препораките од Извештајот.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте