Инвестираме во развој на претприемништвото, создаваме амбиент Македонија да биде старт-ап хаб на Балканот

ВладаИнвестираме во развој на претприемништвото, создаваме амбиент Македонија да биде старт-ап хаб...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев упати силна поддршка за иновативните идеи на македонската старт-ап заедница и нивната голема улога во економскиот раст, како на локално, така и на национално ниво во своето воведно обраќање на Првиот Национален Старт-ап Самит „Заеднички влијаеме”. Премиерот Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, амбасадорката на Швајцарија во земјата Сибил Зутер Техада, како и со претставници од македонската старт-ап заедница, ги дефинираа чекорите кои државата ги презема за да се позиционира како регионален старт-ап хаб, каде секое лице со квалитетна идеја, истата ќе може да ја преточи во бизнис.

Премиерот Заев рече дека Владата продолжува уште позасилено да ги мотивира старт-ап компаниите да се развиваат, да освојуваат нови пазари, интернационално да се поврзуваат, да креираат висока додадена вредност и да прераснат во национални брендови.

„Вашите успешни иновативни приказни се мотив за сите оние кои размислуваат дали да ја преточат својата идеја во бизнис. Во портфолиото на ФИТР, само во последните три години, поддржани се 559 компании преку ко-финансирани проекти, со над 76 милиони евра инвестиции, што е навистина неспоредливо со периодот пред 2017 година, кога беа поддржани само 30тина компании. Особено ми е драго што над 50 отсто од портфолиото на Фондот се старт-ап компаниите, претежно основани од млади луѓе. Ова зборува дека имаме многу потенцијал, многу паметни и мотивирани млади луѓе кои е вредно да бидат поддржани, да работат за себе, за развој на бизнисот, а со тоа и за развој на економијата во сопствената држава. На сите претприемачи сакам да им честитам за храброста што и во услови на пандемија не застануваат, напротив се мотивираат, ги дигитализираат процесите и имплементираат најсовремени алатки за развој на сопствениот бизнис. Иновативните идеи го движат светот напред, а јас сум убеден дека сите заедно ќе направиме уште поуспешен деловен амбиент со посветена трансформација на македонскиот старт-ап екосистем“, рече Заев и додаде дека Владата ги поддржува и дополнително создава  услови за развој на претприемачкиот и иновацискиот екосистем, преку политиките како пристап до финансии, законски измени, даночни олеснувања, унапредување на човечките потенцијали како и јакнење на претприемничкиот дух и култура.

Вицепремиерот Битиќи искажа задоволство за реализацијата на првиот национален Старт-ап самит, бидејќи како што рече иднината се младите луѓе, визионери, претприемачи.

„Наша задача е да работиме заедно со нив и да создадеме еко систем кој ќе им овозможи да ги реализираат своите замисли. Заедно со старт-ап советот со кој претседавам работиме токму на тоа, да ги олесниме условите за создавање на сопствен бизнис во нашата земја. Да ги разгледаме сите потенцијални предизвици коишто можат да се надминат и модифицираат и да се создадат најповолни услови и околности за инвестирање и развивање на бизнисите во нашата земја.

Старт-ап советот работи на олеснување на законите со цел олеснување на започнувањето на старт-ап бизниси, како: Унапредување на Законот за иновација со вклучување на бизнис ангели; Создавање на Закон за дигитални номади и привлекување на странски инвеститори; Подготвување на Национална стратегија за вештачка интелигенција за која пред извесно време Владата донесе одлука за формирање на работна група; Намалување на персоналниот данок на доход за ИКТ индустријата, за која целиме да биде 0% до 2023 година. Сето ова води кон тоа, Северна Македонија да стане Старт-ап Хаб на Балканот и е вовед во 4-тата индустријализација“, подвлече Битиќи.

Директорот на ФИТР, Петров рече дека Самитот се организира со цел градење посилна старт-ап заедница, зајакнување на претприемачкиот дух во македонското општество и создавање на глобално успешни стартапи.

„Старт-ап компаниите сочинуваат над 50% од портфолиото на ФИТР и тоа е една од причините поради кои верувам во потенцијалот на македонскиот старт-ап еко систем и новиот бран на млади претприемачи. Истражувањето кое го направивме со Старт-ап Македонија покажа дека над 70 отсто од старт-ап компаниите во државата, во фазата на развој на бизнисот имаат потреба од дополнителни финансиски средства и токму тогаш најголема поддршка добиваат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој. Во последните шест месеци во ФИТР, заедно со сите чинители на екосистемот, интензивно работиме на трансформација на македонскиот старт-ап екосистем. Со конкретни чекори преку Националниот старт-ап совет но и активностите на Фондот ја позиционираме Република Северна Македонија како регионален старт-ап хаб, бидејќи веруваме дека иднината им припаѓа на стартапите“, рече Петров.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img