spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени субвенциите за произведен и предаден тутун

АФПЗРР: Исплатени субвенциите за произведен и предаден тутун

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој на сметките на 28.168 субјекти, исплати близу 1,7 милјарди денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на сите производители кои правно законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка по оваа мерка.

 

„Средствата се веќе легнати на сметките на сите производители кои што произведениот тутун го предале во регистриралните откупни центри:Тутунски комбинат Прилеп, Алијанс, Сокотаб, Пашоски, Секе, Орбита табак, Кавекс Балкан, Мисириан и Бако.“ – информира Бачовски.

 

Висината на директните плаќања изнесува 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа , и 60 денари за трта класа произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.

 

Владата заедно со надлежните институции, и покрај пандемијата заедно со оваа исплата од почеток на годината на сметките на земјоделците исплати близу 3,5 милјарди денари за субвенции по повеќе мерки.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

 

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...