spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Разловци ја добива својата прва градинка

МТСП: Разловци ја добива својата прва градинка

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски  направија увид во  градежните работи на новата детска градинка во село Разловци, Општина Делчево.

„Согласно направениот увид на новиот објект, градежните работи се завршени, градинката е опремена и наскоро ќе започне со прием на деца. За реконструкција,  адаптација и опремување на новиот објект,  Министерството од својот буџет издвои средства во висина од 4 милиони денари. Градинката  има капацитет да згрижи  20 деца на возраст од 2-6 години,“ информираше министерката.

Таа посочи дека иако капацитетот на новиот објект не е голем, значајна е пораката која се испраќа, грижата за секое дете, без разлика дали се наоѓа во градска или рурална средина.

„Како Влада и Министерство за социјална политика сериозно работиме на зголемување на опфатот на деца во процесот на предучилишно воспитание и образование.  За неполни 9 месеци, со градинката во село Разловци  отворивме 12 градинки со вкупен капацитет од 700 деца, а до крајот на годината планирани се уште 13 објекти со капацитет од 1400 деца во нив“, рече министерката.

Градоначалникот на Општина Делчево, Трајковски посочи дека иако селото Разловци е најодалеченото село во Општината, тоа е и село со најголем број жители, каде опстојува и фабрика и каде гравитираат жители и од соседните општини.

„Затоа сметаме дека отворањето на градинката, освен за децата кои ќе бидат згрижени и ќе се подготвуваат за училишните клупи, ќе значи многу повеќе за родителите кои ќе знаат дека додека тие се на работа, нивните деца се згрижени и со нив посветено ќе се работи по програми наменети за соодветната возраст на дечињата.

Тој изрази  благодарност  до Министерството за труд и социјална политика и  министерката Шахпаска, за слухот и брзиот одговор на потребите на жителите на село Разловци. Исто така тој упати благодарност и до одговорните лица во ООУ „Св.Климент Охридски“ кои излегоа пресрет и  ја препознаа потребата и значењето на инвестиците во раниот детски развој и овозможија детската градинка во Разловци да се отвори во училишната зграда за што се ослободија две училници.

Извор: Влада

Прочитајте