spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваРеализацијата на заднички енергетски проекти се клучни за зголемување на регионалната соработка

Реализацијата на заднички енергетски проекти се клучни за зголемување на регионалната соработка

Министерот за економија Крешник Бетеши денеска оствари срдба со Русос Кундурос,  амбасадор на Хеленската Република, во Северна Македонија.

На состанокот се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.

Северна Македонија и Грција имаат традиционално висока економска соработка, трговската размена е во континуирано во раст и покрај пандемијата, Грција е наш четврти најголм трговски партнер, а грчките компании се едни од најголемите инвеститори во земјата.

Министерот Бектеши посочи дека има голем потенцијал за дополнително зголемување на соработката во енергетскиот сектор, ако се земат во предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александрополи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји си изградба на интерконектор.

Како што истакна министерот Бектеши преку гасното поврзување  со Грција,  Северна Македонија ќе добие нов извор за снабдување со поеколошки и поевтин енергенс, а со тоа и можност да стане регионален центар за понатамошен транзит и дистрибуција на гасот на земјите од регионот.

На состанокот беше изразена поддршка од Грција на нашата држава за прогрес и во евроинтеграциите, по постигнатото членство во НАТО, како и за техничка помош во процесите важни за европските перспективи.

Извор: Министерство за економија

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...