spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Еко – училница во ООУ „Братство“

Карпош: Еко – училница во ООУ „Братство“

Палети за седење, гуми претворени во столчиња или саксии, креативни фигури од еко – материјали, ова е сликата од новата еко – училница на основното училиште „Братство“ во Тафталиџе 2.

Наставниот и техничко – административниот кадар, заедно со учениците и родителите, а со поддршка на општина Карпош создадоа уредена зона на отворено во страничниот дел од училишниот двор.

 

Во оваа еко – училница може да се одржува настава на отворено, родителски средби, но и да се реализираат работилници и вонучилишни активности.

 

Основното училиште со оваа зона аплицираше на јавниот повик на општината за најдобро уреден училишен двор или дел од дворот, при што го освоија второто место. Образовната установа доби парична награда од 30.000 денари, но најважно е тоа што го создадоа како трајна вредност на училиштето, а со тоа и на Општината.

 

Впрочем, ова беше и една од заложбите на градоначалникот Стефан Богоев, кој во повеќе наврати истакна дека само со создавање на конкретни работи, и со вклученост на ученици, наставници и родители како заедница ќе бидеме посовесни за животната средина и за јавните добра.

 

Вакви еко – училници или катчиња веќе се креирани во сите десет основни училишта во Карпош.

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...