spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Јавен повик за Локално собрание за Млади

Карпош: Јавен повик за Локално собрание за Млади

Општина Карпош распиша Јавен повик за членство во локалното собрание за млади.

 

Собранието на млади избира членови на Локалниот младински совет по пат на непосредни избори.

 

Во Собранието на млади можат да членуваат: младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички организации, студентски организации, млади лица – жители на општина Карпош ( од 15 до 29 години), како и други облици на младинско здружување.

 

Општина Карпош го формираше Иницијативниот одбор за конституирање на Локалното собрание за млади, како уште еден чекор кон формирање на локалниот младински совет, согласно Законот за младинско учество и младински политики.

 

 

 

Службеникот за млади Борис Чурлинов, заедно со петте членови ја имаа првата средба при што разговараа за претстојните чекори и го распишаа Јавниот повик за членство во локалното собрание за млади.

 

 

 

Јавниот повик е објавен на веб страната www.karpos.gov.mk (во делот огласна табла). А, апликациите можат да се доставуваат по електронски пат, на boris.curlinov@karpos.gov.mk или до архивата на општината (ул. „Радика“ бр.9, барака 2).

 

 

 

За сите услови информирајте се на следниот линк: https://bit.ly/3bR80Pt

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...