Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, заедно со претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ, и со градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски беше во службена посета во Општина Одемиш, Република Турција.
На средбата со градоначалникот на Одемиш, Мехмед Ериш кој е со македонско потекло беа поставени темелите на културните и економските мостови и новите области на соработка.
На средбата гостите беа запознаени со активностите на Одемиш, која располага со една од најплодните почви во Турција што дава предност за органско производство, а тоа придонесува за развојот на еко-туризмот во последните неколку години.
При посетата беше промовирано она што Одемиш го произведува и успешно го работи, а тоа се областите за производство на украсни растенија и садници, индустријата за млечни производи како и туристичките убавини во областа.
Извор: Општина Кисела Вода