spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Градоначалникот Темелковски оствари работна средба со градоначалникот на Општина...

Кисела Вода: Градоначалникот Темелковски оствари работна средба со градоначалникот на Општина Одемиш

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, заедно со претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ, и со градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски беше во службена посета во Општина Одемиш, Република Турција.
На средбата со градоначалникот на Одемиш, Мехмед Ериш кој е со македонско потекло беа поставени темелите на културните и економските мостови и новите области на соработка.
На средбата гостите беа запознаени со активностите на Одемиш, која располага со една од најплодните почви во Турција што дава предност за органско производство, а тоа придонесува за развојот на еко-туризмот во последните неколку години.
При посетата беше промовирано она што Одемиш го произведува и успешно го работи, а тоа се областите за производство на украсни растенија и садници, индустријата за млечни производи како и туристичките убавини во областа.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...