spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииПовик за учество на летен камп на СДММ

Повик за учество на летен камп на СДММ

Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), во соработка со Прогрес Институт за социјална демократија, и со поддршка од Фондацијата Макс Ван Дер Штул од Холандија, и оваа година традиционално, по четиринаесетти пат ќе организира летен камп за млади социјалдемократи согласно сите активни препораки и мерки за превенција и заштита од КоронаВирус – Ковид-19, предвидени и донесени од страна на Министерството за Здравство и Владата на Република Северна Македонија, кој ќе се одржи во периодот од 1-ви до 4-ти Јули 2021 година, во Охрид. Од оваа година летниот камп ќе го носи името:

Летен Камп “Трајче Нешковски”
под мотото: “Секоја генерација си има своја борба,секое време си има свои херои”, во чест на нашиот прерано заминат другар Трајче Нешковски.

Оваа година на кампот ќе учествуваат повеќе од 70 млади луѓе од цела држава. Планирани се едукативни презентации, интерактивни работилници и работа во групи.

Заради големиот интерес, СДММ при изборот на кандидати ќе внимава на родовата застапеност и застапеноста на учесници од различни региони од државата.

Сите заинтересирани за пријавување на летниот камп потребно е:

– да бидат членови на СДСМ односно СДММ, на возраст од 18 до 29 години;
– да биле дел од клучните проекти на СДСМ и СДММ во изминатиот период;
– ДА НЕ УЧЕСТВУВАЛЕ НА ПРЕТХОДНИ ЛЕТНИ КАМПОВИ организирани од СДММ и Прогрес Институт за социјална демократија;
– да испратат CV и партиска биографија.

Овие податоци заинтересираните потребно е да ги испратат на следниот е-mail:
letenkamp2021@gmail.com, во периодот од 01 Јуни (вторник) до 15-ти Јуни (вторник) 2021 година.

Напомена:
Учесниците кои што ќе бидат избрани да бидат дел од летниот камп 2021 задолжително е да ги почитуваат сите активни препораки и мерки за превенција и заштита од КоронаВирус – Ковид-19, предвидени и донесени од страна на Министерството за Здравство и Владата на Република Северна Македонија.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...