spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал и корупција

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал и корупција

ВМРО-ДПМНЕ е симбол на криминалот и корупцијата, партија заглавен во режимската матрица што ја влечеше државата надолу.

 

Половина од поранешното и дел од актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно е по судовите, под обвинија и пресуди за сторени тешки кривични дела.

 

Затоа е јасно зошто оваа партија брани криминалци и зошто Мицкоски е единствен на браникот на криминалот.

 

ВМРО-ДПМНЕ нема право, нема кредибилитет да зборува за правда и владеење на законите.

 

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се обидуваат да конструираат случаи, но тоа нема да го смени фактот одбраната на криминалот е нивната единствена агенда.

 

Се додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бранат криминал и шират лажни вести, се до тогаш ќе бидат поразувани од граѓаните.

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...