spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииСекој кој е подготвен да работи посветено за граѓаните е добредојден во...

Секој кој е подготвен да работи посветено за граѓаните е добредојден во работните тела

Одговор на новинарско прашање, Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ

Прашање: Дали ова значи дека сите работни тела кој досега функционирале на некој начин се распуштени штом се формираат нови тела и како тоа понатака би се одразило на кадровската владина политика односно дали да очекуваме и смена на директорски, на министерски места согласно промените којшто ќе бидат направени?

Одговор: Овие Комисии којшто досега функционираа во СДСМ имаа соодветен мандат. Сега бидејќи ги правиме сите промени почнувајќи од раководството итн. Ќе има нови Комисии којшто ќе бидат пред се насочени кон создавање, креирање на политиките којшто ќе не очекуваат во пресрет на локалните избори, исто така за некој клучни политики, програмски определби којшто ги имаме преку нашата програма со којашто настапивме пред граѓаните на претходните парламентарни избори.
Добро е тоа коешто го напоменав во пресот дека секој којшто чувствува дека може да допринесе со сите свои креативности во рамки на креирањето на политиките е добредојден.

Исто така можам да кажам дека сите квалитетни кадри ќе бидат инфилтрирани во овие посебни работни тела и секако нивниот предизвик во наредниот период ќе биде многу поголем.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...