Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во тек е изложбата на уметнички фотографии „Мајски салон 2021“. На изложбата, чиј организатор е Фото-кино клубот „Козјак“ од Куманово, се претставени 21 дело, изработени од членовите на Клубот.
„Оваа изложба има цел да го презентира и да го надополни естетското чувство за уметничката фотографија, што го гради нашиот клуб веќе половина век.
Изложените дела се показател за сериозноста и посветеноста со која ѝ пристапуваме на оваа уметност и претставуваат уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме што го има ФКК „Козјак“, нагласуваат организаторите на изложбата.
Покровители на настанот се Министерството за култура и Општина Куманово, а изложбата традиционално е поддржана од Народна техника, НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ и Фото-сојузот на Македонија. Изложбата ќе биде поставена до 24 јуни.
Извор: Министерство за култура