spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Оглас за возни редови за нови Автобуски линии и промена во...

МТВ: Оглас за возни редови за нови Автобуски линии и промена во Меѓуопштинскиот и Меѓународниот линиски превоз

ОГЛАС
ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗНИ РЕДОВИ ЗА НОВИ АВТОБУСКИ ЛИНИИ И ЗА ПРОМЕНА НА ОДОБРЕНИ АВТОБУСКИ ЛИНИИ ВО МЕЃУОПШТИНСКИОТ И МЕЃУНАРОДНИОТ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ

Министерството за транспорт и врски, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/2004; 127/2006; 114/2009; 83/2010; 140/2010; 17/2011; 53/2011; 6/2012; 23/2013; 120/2013; 163/2013; 187/2013; 42/2014; 112/2014; 166/2014; 44/2015; 97/2015; 124/2015; 129/2015; 193/2015; 37/2016; 71/2016; 64/2018; 140/2018 и 163/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019) и Правилникот за начинот и поблиските услови за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници, издавање, продолжување и одземање на дозволата за одобрена линија, формата и содржината на образецот на дозволата и возниот ред („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 105/19), објавува Оглас за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.

Аплицирањето, обработката на податоците како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски www.liniskiprevoz.gov.mk

Право да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани превозници-правни лица кои имаат лиценца за вршење на меѓуопштински и/или меѓународен линиски превоз на патници и кои електронски ќе аплицираат во периодот од 09 часот заклучно до 14 часот на 07.09.2021 година (вторник).

Во електронското барање за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови за одобрени линии превозникот пополнува задолжителни податоци за исполнување на условите (критериумите) за одобрување на возниот ред согласно одредбите во член 24-а од Законот за превоз во патниот сообраќај. При електронското барање за одобрување на возни редови за нови линии, односно за промена на возни редови на одобрени линии превозникот треба да ги има предвид одобрените возни редови објавени на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски и одобрените возни редови со спогодба меѓу две општини.

При електронско барање за одобрување на возен ред за нови линии, доколку на трасата на линијата за веќе одобрен возен ред има две заеднички станици, за поаѓање од Велес, Куманово и Тетово кон Скопје во период од 6,00 до 8,00 часот секој ден и за поаѓање од Скопје кон Велес, Куманово и Тетово во периодот од 15,30 и 17,30 часот секој ден, временскиот интервал од едно до друго поаѓање изнесува 10 минути.

Доколку возниот ред за линијата за меѓуопштински превоз на патници е со едно или со повеќе поаѓања кои не можат да се одржуваат со едно возило, превозникот треба за тие возни редови да поседува толку возила и возачи колку што е потребно за да може да ги одржува сите поаѓања за кои му се издадени дозволи сметајќи ги и возилата кои му се потребни за одржување на ново одобрените возни редови за превоз на патници. Доколку возниот ред за линијата за меѓународен превоз на патници е со едно или со повеќе поаѓања кои не можат да се одржуваат со едно возило, превозникот треба за тие возни редови да поседува толку возила и возачи колку што е потребно за да може да ги одржува сите поаѓања за кои му се издадени дозволи, не сметајќи ги и возилата кои му се потребни за одржување на ново одобрените возни редови за превоз на патници.

Превозникот во зависност од остварената добивка за претходната тековна година го има правото да аплицира за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници и тоа:

– од 300,000 до 1,000,000 денари – најмногу 3 апликации,

– од 1,000,001 до 2,000,000 денари – најмногу 5 апликации,

– од 2,000,001 до 4,000,000 денари – најмногу 9 апликации и

– над 4,000,001 денари – најмногу 11 апликации.

Превозникот кој е основан и се стекнал со соодветната лиценца во годината во која се спроведува огласот, односно пред законски пропишаниот рок за изработка на завршна сметка има право да аплицира за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници онолку апликации колку што поседува возила со извод од лиценца за соодветниот вид на превоз.

Почетна и крајна станица во возниот ред за меѓуопштински линии можат да бидат само општини во кои има категоризирани автобуски станици.

Места за застанување односно попатни станици во возниот ред за меѓуопштинските линии можат да бидат населени места (села) и автобуски постојки кои од соодветна општина се одобрени како попатни станици за вршење на меѓуопштински превоз на патници.

Почетна и крајна станица во возниот ред за меѓународни линии можат да бидат само општини во кои има категоризирани автобуски станици со најмалку трета категорија.

Места за застанување односно попатни станици во возниот ред на територијата на Република Северна Македонија за меѓународните линии можат да бидат само општини.

Електронската апликација за одобрување на возен ред за нова линија или за промена на возен ред нема да се одобри доколку во постапката за негово одобрување се утврди дека превозникот при определување на времето на поаѓање од почетната станица и попатните станици не ги почитувал пропишаните услови од член 24-а од Законот за превоз во патниот сообраќај.

Доколку во возниот ред има повеќе поаѓања се одобруваат само поаѓањата кои ги исполнуваат условите од член 24-а од Законот за превоз во патниот сообраќај.

Доколку два превозника аплицираат за нов возен ред или доколку еден аплицира за промена на одобрен возен ред, а другиот превозник аплицира за нов возен ред или доколку и двајцата превозници аплицираат за промена на одобрен возен ред, при електронската распределба, апликациите меѓусебно ќе се споредуваат дали е запазен временскиот интервал и дали се исполнети условите согласно член 24-а од Законот за превоз во патниот сообраќај, при што ќе се одобри апликацијата на превозникот кој прв аплицирал.

Доколку превозник аплицира за нов возен ред со повеќе поаѓања или промена на возен ред со повеќе поаѓања, при електронската распределба апликациите за секое поаѓање меѓусебно ќе се споредува дали ги запазува временските интервали согласно член 24-а од Законот за превоз во патниот сообраќај, при што ќе се одобри поаѓањето кое е прво аплицирано во електронскиот систем.

Доколку во постапката за одобрување на возен ред, електронско барање поднесат два или повеќе превозника, со иста почетна и крајна станица од кои еден од нив е со седиште во почетната станица, приоритет има превозникот со седиште во почетната станица.

Доколку во постапката за одобрување на возен ред, електронско барање поднесат два или повеќе превозника со седиште во почетна станица, приоритет има превозникот кој прв аплицирал.

Доколку во постапката за одобрување на возен ред, електронско барање поднесат два или повеќе превозника и ниту еден од нив нема седиште во почетната станица, приоритет има превозникот кој прв аплицирал.

Промена на постоен возен ред може да се прави доколку во новиот возен ред кој се предлага се прави промена на времиња на поаѓање и враќање на која било почетна, попатна или крајна станица, додавање и/или кратење на попатни станици, додавање и/или намалување на број на поаѓање и враќање во возниот ред, додавање и менување на ден/денови од возниот ред и промена на режимот на одржување на линијата;

Доколку превозник аплицира за нов возен ред со повеќе поаѓања или промена на возен ред со повеќе поаѓања, при електронската распределба барањето за секое поаѓање меѓусебно ќе се споредува дали ги запазува временските интервали согласно член 24-а од Законот за превоз во патниот сообраќај, при што ќе се одобри поаѓањето кое е прво аплицирано во електронскиот систем.

Постапката за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии ја следи и контролира Комисија за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии формирана од министерот за транспорт и врски во согласност со член 24-а став 15 од Законот за превоз во патниот сообраќај.

Врз основа на добиените резултати од компјутерски обработените барања, Комисијата подготвува предлог листа на одобрени, односно одбиени барања и ја доставува до министерот за транспорт и врски на одобрување.

Во прилог  Оглас за автобуски линии

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

АХВ: Поради зголемено присуство на манган, забранета за пиење и водата...

0
Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата...