spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
Home@дминистрацијаМИОА: Министерот Шаќири дел од виртуелната конференција „Германско-македонско ИТ-Б2Б партнерство

МИОА: Министерот Шаќири дел од виртуелната конференција „Германско-македонско ИТ-Б2Б партнерство

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири учествуваше на виртуелната конференција „Германско-македонско ИТ-Б2Б партнерство“, во организација на Делегацијата на германското стопанство во земјава и во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Министерот во своето обраќање, го поздрави одржувањето на ваквите настани, бидејќи тие претставуваат одлична можност за унапредување на соработката. Воедно, ги информираше учесниците за тековните и идните планови и проекти, кои се поврзани со дигитализацијата на земјава.

„Во изминатите неколку години, Владата на Република Северна Македонија презеде сериозни чекори кон дигитализацијата, преку воспоставување на темели, правни и технички. Првиот чекор кон одржлива дигитализација е создавање на предвидливо, стабилно правно опкружување за дигитализација. Како креатори на политики, ние сме свесни дека ова може да се создаде само со постојан дијалог со бизнис секторот“, истакна министерот Шаќири.

Меѓу другото го посочи Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, кој е целосно усогласен со eIDAS регулативата на ЕУ, како и Законот за електронско управување и услуги.

Министерот ги информираше учесниците и за усвојувањето на Националниот оперативен план за широкопојасен интернет, за пристап кон побрзи и подобри интернет услуги, кој е во согласност со стандардите на ЕУ, потоа за Националната долгорочна стратегија за ИКТ 2021-2025 која е веќе во владина процедура, како и за проектот за зајакнување на е-влада.

,,Ние не застануваме тука. Во моментов имаме неколку дигитални проекти во фаза на изградба. Една од нив е проектот за зајакнување на е-влада, кој за помалку од три години треба да резултира со објавување на повеќе од 135 услуги на Националниот портал за е-услуги. Соработуваме со УСАИД за зајакнување на сајбер безбедноста на критичниот инфраструктурен проект. Подготвуваме закони и амандмани што ќе овозможат идно формирање на нова Агенција за дигитализација и регистри, што треба да ја насочи хоризонталната дигитализација во сите јавни институции“, рече министерот Шаќири.

На онлајн конференцијата воведни обраќања имаа и Патрик Мартенс , Директор на Делегација на германското стопанство во Северна Македонија, Анита Никова, извршен директор на МАСИТ и Ања Квиринг, регионален директор на Источниот комитет- здружение на источна Европа на германското стопанство, во Берлин, како и Гоце Митевски , главен комерцијален директор за деловни корисници на Македонски Телеком и Емилија Спировска член на управен одбор на ПроКредит Банка.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...