Се одржа виртуелна средба на Комитетот на млади при ПЕРК, односно вебинар преку платформата ZOOM.
Тема на овој вебинар беше Конвенцијата бр. 190 за борба против насилство и вознемирување на работното место и нејзиното влијание врз младите во Европа и ширум светот.
Оваа конвенција е усвоена уште во јуни 2019 година на 108 мата седница на Меѓународната организација на трудот, но сеуште во голем број земји не е ратификувана.
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија уште во 2019 година со своја кампања побара Конвенцијата бр. 190 да биде ратификувана и во Македонија.
Учесниците изнесоа ставови во однос на потребата од ратификација на оваа конвенција, дел од учесниците во чии земји е ратификувана конвенцијата споделија информација за тоа дека истата не се почитува. Потребен е поголем притисок со кој ќе се наметне почитувањето на конвенцијата со што ќе се влијае врз подобрување на работните места.
Заклучоците од овој венинар ќе бидат основа за дискусијата која ќе се одвива на планираната Конференција на млади при ПЕРК оваа година.