Заинтересираност од Иран за инвестирање, поздравени се политиките на одлучност и пријателства

ВладаЗаинтересираност од Иран за инвестирање, поздравени се политиките на одлучност и пријателства
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Сејед Мохамед Џавид Расули, амбасадор на Исламската Република Иран во нашата држава.

На состанокот се поздравени политиките на одлучност и пријателства на премиерот Заев, во кого, како што е пренесено се гледа како на човек и политичар кој од срце работи за доброто на својот народ и својата држава.

На средбата е пренесена голема заинтересираност од Иран за развој на економската соработка помеѓу двете држави.

Амбасадорот Расули, задолжен за Северна Македонија од Софија, соопшти дека за време на неговиот двегодишен мандат во Бугарија, за два и пол пати ја зголемил економската соработка помеѓу Бугарија и Иран и дека иранските бизнисмени се заинтересирани за инвестирања на нови пазари и конкретно во Северна Македонија.

„Ние сме фокусирани на развивањето на меѓународните односи во рамките на нашите стратешки цели, НАТО и Европската унија, но како држава којашто се стреми да отвора економски перспективи, градиме пријателства во целиот свет. Покажавме дека сме мирољубива мултиетничка држава, симбол на пријателствата и на мирот, пример за мирот и стабилноста и уверени сме дека сите овие политики допрва ќе придонесат за силниот развој на економски план, на што работиме. Во таа насока, сме заинтересирани да ја унапредуваме економската соработка и со Иран и гледаме можности за тоа“, рече премиерот Заев.

На состанокот е констатирано дека има можности за соработка во земјоделството и во културата, како и во областа на индустријата и градежништвото, земајќи ги предвид соопштените податоци дека Иран е секогаш меѓу првите две држави во производството на нафта и гас, но и во првите пет држави по бројност на рудници за злато, сребро и слично. Договорено е да им се помогне на стопанствениците од двете држави да ја воспостават или унапредат меѓусебната соработка.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img